Connect with us

Пикси: Го прославивме унгарскиот голман

Фудбалската репрезентација на Србија загуби од Унгарија со 2-1 во Будимпешта во седмото коло од квалификациите за Европското првенство. Србите доминираа особено во вториот дел, но на крајот Унгарија по вторпат ги победи во овие квалификации.


Унгарија поведе во 21. минута со голот на Барнабас Варга, а израмни Страхиња Павловиќ во 33. минута. Роланд Салаи минута подоцна им ја подари победата на Унгарците.

Српскиот селектор Драган Стојковиќ Пикси не можеше да поверува што пропуштаат неговите играчи.

„Не изгледаше толку лошо, освен овие грешки што ги направивме. Во второто полувреме се вративме, максимално го засиливме нападот. Имате денови кога топката не сака во мрежата. Како? Зошто? Немам поим. Го прославивме нивниот голман“, изјави Драган Стојковиќ Пикси.

Со овој пораз Србија си ги закомпликува работите во групата и сега мора да ја победи Црна Гора во битката за второто место.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови