Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике, потпиша нов договор со клубот со ревидирани услови и намалена плата, а потоа јавно го нападна претседателот Хозе Мариа Бартомеу. Тој вели дека Бартомеу едноставно не е достоен за функцијата и не знае да го води клубот од „Камп Ноу“.
„Навистина е лудо ако клубот трошел пари за маркетинг капмањи за да ги критикува своите фудбалери во медиумите. И виновникот е уште во клубот, а тоа многу не боли нас фудбалерите. Очигледно е дека некој сака да не провоцира. Начинот на кој се комуницира со фудбалерите е очаен, па и ова со намалување на платите…Не се согласуваме со ништо од политиките на раководството, но едноставно ние многу го сакаме клубот. Едно е јасно , вака не смее да се води клуб како Барселона“, изјави Жерар Пике.
Овој став на Жерар Пике доаѓа во пресрет на утрешното „Ел Класико“, мегадуелот меѓу Барселона и Реал Мадрид на „Камп Ноу“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)
Интернационалци
Бојан Миовски двоен стрелец за Ренџерс (ВИДЕО)













