Connect with us

Пике ќе ја прекине пензијата и ќе му се врати на фудбалот?

Жерар Пике, легендарниот дефанзивец на шпанската репрезентација и една од иконите на Барселона, пред само два месеци објави дека се пензионира. Тоа го направи објавувајќи емотивно видео со порака до навивачите на клубот за кој одигра 615 натпревари, а неколку дена подоцна во солзи го напушти теренот.


Шпанските медиуми пишуваат дека тој сега би можел да се врати на терените.

Пике е сопственик на шпанскиот второлигаш Андора и неговото евентуално враќање во фудбалот се поврзува со тој клуб и покрај изјавата што ја даде кога ја напушти Барселона.

„Фудбалот ми даде сè. Барселона ми даде сè. Вие, навивачите, ми дадовте сè. И сега, кога сите мои детски соништа се остварија, сакам да ви кажам дека решив дека дојде време да го донесам ова патување до крајот. Секогаш сум велел дека нема да има друг клуб за мене освен Барса. Така ќе биде“, изјави тогаш Пике.

Останува под знак прашалник колку, поради финансиските ограничувања и правила, е реално да се очекува негово евентуално враќање на терените. Со заминувањето од Барселона, Пике се откажа од околу 30 милиони евра, кои клубот му ги должеше поради пандемијата, како и приходите од договорот што го врза за клубот до летото 2024 година. Неговата плата во Барселона е проблем за Андора.

Финансиската комисија на Ла Лига треба да ги процени неговите примања, односно дали е реално дека може да си го дозволи клуб од шпанската втора лига со многу ограничен буџет за плати. Во случајот на Андора, тоа не е повеќе од 7 милиони евра, што е проблем за клубот дури и ако Ла Лига продолжи да се придржува до практиката да дозволи потпис на играч со приходи половина од претходно.

Исто така, според постоечките правила, спонзорите имаат право да му помогнат на клубот, но со ограничувања. Тие исто така не се наклонети кон Андора и Пике. Покрај тоа, Пике се уште е на листата како играч на Барселона. Тој во моментов е суспендиран поради навреда на судијата на прошталниот натпревар. Доби суспензија од четири натпревари, а досега одигра само еден.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови