
Жерар Пике и Шакира пред неколку дена официјално потврдија дека се разделиле и дека со своите адвокати ги решиле имотните прашања, но шпанските медиуми продолжуваат внимателно да го следат секој нивен чекор. Тие раскинаа пред неколку месеци откако Шакира дозна дека Пике ја изневерува, со што ставија крај на нивната 12-годишна романса.
После тоа почнаа разни скандали, а главната борба меѓу Шакира и Пике беше за нивните две деца. Таа сака да живее со нив во Мајами, додека Пике не им дозволи да ја напуштат Шпанија.
Сепак, тие успеаја да се договорат и да го најдат најдоброто решение, а Шакира ќе има дозвола да оди во Америка со децата, но нивната резиденција сепак ќе биде во Барселона.
Пике и Шакира утрово повторно се во центарот на вниманието откако се појавија нови заеднички фотографии.
Тие викендот беа на мечот на нивниот син Милан кој игра безбол и решија да му дадат поддршка. Шакира дошла на стадионот со другарките, додека Пике на натпреварот пристигнал со својата мајка.
Папараците внимателно го следеа секој нивни потег, но Пике и Шакира воопшто не зборуваа. Фотографијата покажа дека тие не се ни блиску еден до друг, што дополнително покажува дека се уште се во прилично лоши односи.
Пике и Шакира беа на различни делови од трибините, а само во една ситуација фудбалерот на Барселона и пријде на Шакира додека разговараше со својот син.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Четири натпревари, нема многу избор, но, сепак, победите мора да се вреднуваат. Вардар успеа...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Галатасарај го освои Купот на Турција

Евро-фудбал
Интер си пронајде нов напаѓач на „Олд Трафорд“
