Фудбалерот на Барселона, Жерар Пике го критикуваше раководството на клубот по заминувањето на најдобриот фудбалер, аргентинската ѕвезда Лионел Меси.
„Во последниве години, менаџментот на тимот дозволи некои работи што не смееше да се случат. Еве не се успеа ниту во целта да се задржи Меси. И претходно имаше промашувања во трансферите. Од друга страна, ние фудбалерите бевме казнувани, но го носиме дресот на Барселона и должни сме да се бориме за клубот“, изјави Пике.
На 5 август, Барселона објави заминување на 34-годишниот Меси. Фудбалерот го напушти клубот поради финансиски проблеми на каталонците.
Вчера Меси одржа проштална прес-конференција на „Камп Ноу“, на којашто не можеше да ги задржи солзите. Тој ќе направи трансфер во Пари Сен Жермен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Реал потврди: Чуамени ќе паузира три недели













