
Њукасл е новиот финансиски моќен клуб во Премиер – лигата кој на зима ќе се обиде да привлече неколку големи ѕвезди. Откако саудиските инвеститори го преземаа клубот, постојано се шпекулира со имиња за новиот менаџер и за новите засилувања.
Брендон Роџерс ја демантираше можноста да седне на клупата на Њукасл потенцирајќи дека ќе остане во Лестер, а како главни фаворити се издвојуваат Антонио Конте, но и Стивен Џерард и Франк Лампард.
Њукасл уште во јануари би довел најмалку пет ѕвезди. На голот треба да биде Кејлор Навас кој сака да замине од ПСЖ поради конкуренцијата што ја доби од Џанлуиџи Донарума.
Герет Бејл и неговата огромна плата во Реал Мадрид со години никој не сака да ја преземе, но Мохамед бин Салман наводно е подготвен да му ја понуди во неговиот нов клуб. Се споменуваат и Калиду Кулибали од Наполи, Фелипе Кутињо, кој падна во втор план во Барселона, и уругвајскиот напаѓач Единсон Кавани, на кого ќе му биде тешко да добие голема минутажа во Манчестер Јунајтед поради доаѓањето на Кристијано Роналдо.
Њукасл би можел да потроши околу 230 милиони евра во јануарскиот преоден рок бидејќи поранешниот сопственик Мајк Ешли се погрижи клубот да работи со плус од три милиони евра во претходните три години, со уште 50 милиони евра инвестирани во младинските категории и во тренинг центарот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Интернационалци
Стефан Ашковски го засили Раднички Ниш

Интернационалци
Бобан Николов се врати во Романија, потпиша за Фарул Констанца
