
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо беше понуден на Баерн Минхен, но германскиот првак, сепак, не влезе во оваа авантура. Жорге Мендеш се обиде да го пресели на „Алијанц арена“, но раководството на Баерн не сакаше да направи таков луксуз.
„Веднаш беше свикан состанок на највисоките функционери на клубот во седиштето на Баерн. Сепак, тој беше краткотраен и по него немаше повеќе разговори или преговори со Мендеш“, открива „Скај Германија“.
Сепак, Баерн го одбил предлогот за трансфер на Кристијано Роналдо поради пет причини.
Евентуалниот договор со Роналдо комплетно би ја урнал структурата на платите на Баерн Минхен, или како што пишуваат Германците – „хигиена на плата на тимот“.
Баерн инсистира на играчи кои можат да играат висок пресинг и постојано трчаат, а Роналдо не може и не сака поради годините и недостатокот на волја.
Баерн не сака суперѕвезда која е поставена над клубот, а Роналдо особено би се обидел да ја наметне својата волја и авторитет, бидејќи таму младиот тим го води тренерот Нагелсман, кој е три години помлад од Роналдо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Ал-Наср сака да го купи Кристијан Пулишиќ

Интернационалци
ОФК Београд го претстави Марко Алчевски како ново засилување

Евро-фудбал
Луј ван Гал го победи ракот

Евро-фудбал
Арсенал тргнува по Еберечи Езе

Евро-фудбал
Фудбалер на Атлетик Билбао падна на допинг-тест
