Менаџерот на Челси, Франк Лампард побара помош и од Петр Чех. По очајниот старт на сезоната со Кепа Аризабалага на голот и неколку наивни грешки во одбраната, Лампард побара од Чех да се активира на тренинзите и можеби повторно да застане на голот. Но, му даде шанса на Едуард Менди, новата аквизиција од Рен и го направи потегот на сезоната.
Челси успеа да не прими гол на пет натпревари во низа, што не му успеало цела деценија – од 2010 година. Менди во седум меча прими само еден гол, а во првите пет кола како за споредба, дури 11 пати се тресеше мрежата на клубот од „Стемфорд бриџ“.
„Ова е сосема поинаков тим, кога одбраната е цврста, тогаш и нападот е сигурен“, порача Франк Лампард по синоќешниот триумф (3-0) над Рен во Лигата на шампионите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ерик тен Хаг се враќа на кормилото на Ајакс?
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













