Преговорите меѓу раководството на Реал Мадрид и капитенот Серхио Рамос ќе завршат со хепиенд. Елитниот дефанзивец ќе го добие тоа што го бара, продолжување на соработката за нови две сезони. Сепак, Флорентино Перез нема да ја зголеми неговата годишна плата. Тоа беше второто барање на Рамос, но, сепак, пронајден е заеднички јазик Серхио Рамос и во следните две години да заработува 11 милиони евра по сезона.
Искусниот дефанзивец е вистински лидер во тимот на „кралевите“, без него не може да се замисли одбраната, а често умее и да биде стрелец на клучни голови во офанзивата.
Разврската на случајот со Серхио Рамос со нетрпение ја исчекуваа Јувентус и Пари Сен Жермен, кои беа подготвени да му понудат двегодишен договор, дури и за поголема годишна плата од таа во Реал Мадрид.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













