
„Златната топка“ сè уште е главна тема во Шпанија, каде што многумина се разочарани што Винисиус Жуниор не ја доби таа награда, иако таа на крајот отиде во рацете на репрезентативецот на „црвената фурија“, Родри.
Се чини дека многумина беа сигурни дека Винисиус Жуниор ќе ја освои „Златната топка“, но Бразилецот на крајот остана со празни раце, што ги потресе сите во Реал Мадрид.
Во последен момент, во Реал Мадрид одлучија да не патуваат во Париз, и никој од кралскиот клуб не присуствуваше на церемонијата, што е навистина невиден потег.
Се разбира, од моментот кога дознаа дека Родри ќе биде добитник на „Златната топка“, ова стана главна тема во Реал Мадрид, па многу играчи од тимот јавно се огласија за да му дадат поддршка на Винисиус.
Сепак, Карло Анчелоти одлучи дека не треба повеќе да се зборува за тоа, бидејќи неговиот тим мора да се фокусира на натпреварите што следат, и поради тоа воведе посебно правило.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти вчера им соопштил на своите играчи дека, во договор со Флорентино Перез, одлучил дека е забрането да се споменува „Златната топка“ во соблекувалната на „кралскиот клуб“.
Анчелоти соопшти дека воведува тишина во врска со „Златната топка“, и дека за неа не смее веќе да се зборува.
Флорентино Перез исто така се согласува дека не само играчите, туку сите во клубот целосно ќе ја игнорираат темата и ќе се однесуваат како да таа не постои.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
