
Шпанскиот голман Пепе Реина, кој во август ќе наполни 40 години, како слободен играч потпиша едногодишен договор со Вилјареал. Реина последните две сезони бранеше за Лацио, а во Шпанија се врати како слободен играч, без обештетување.
Во Вилјареал најверојатно го чека позицијата резервен голман, зад Џеронимо Рули.
Ова е негов втор мандат во Вилјареал (2002-2005), од кој замина во Ливерпул (2005-2013).
Во тимот на „црвените“ постави неколку клупски рекорди, трипати беше најдобар голман на англискиот шампионат. Од 2005 до 2017 година беше репрезентативец на Шпанија, но најмногу како резервен голман на Икер Касилјас.
Беше европски првак со Шпанија во 2008 и во 2012 година и стана светски шампион во 2010 година. Во сезоната 2013/2014 година бранеше за Наполи со кој го освои Купот на Италија. Го носеше и дресот на Баерн и Милан, но таму малку бранеше.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Њукасл и Арсенал во трка за Нони Мадуеке

Евро-фудбал
Кепа Аризабалага потпиша за Арсенал

Евро-фудбал
Џон Дуран доаѓа на позајмица во Фенербахче

Интернационалци
Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Евро-фудбал
Манчестер Јунајтед сака да го доведе Оли Воткинс

Евро-фудбал
Наполи се откажа од трансферот на Дарвин Нуњез

Прва лига
Босанецот Армин Бешагиќ го засили Арсими
