Дефанзивецот на Порто, ветеранот Пепе, беше разочаран од поразот во Лигата на шампионите од Барселона (1-2).
„Не го започнавме овој натпревар како што би сакале. Сепак, како одминуваше натпреварот, тимот добиваше самодоверба. Успеавме прво да постигнеме гол, но потоа Барса израмни. По паузата, противникот се подобри. Порто постојано бараше шанси за израмнување. Разочарани сме затоа што не заслуживме да загубиме“, изјави Пепе.
Барселона со 12 бода го зазема првото место во групата Х. Каталонците си го гарантираа настапот во нокаут фазата од турнирот. Порто е второпласиран со 9 бода.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













