Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола ја прифатил понудата за нова соработка со англискиот шампион Манчестер Сити. Од Англија денеска пристигнува потврда дека челниците на Манчестер Сити и Пеп Гвардиола седнале и постигнале договор.
Иако договорот на Пеп Гвардиола истекува на крајот од оваа сезона, тој нема намера да си замине, бидејќи е горд на проектот на „Итихад“ и сака да остане на кормилото.
Пеп Гвардиола и директорите Чики Бегиристајн и Феран Сориано не сакале да започнат преговори во текот на сезоната, туку ја чекале паузата за Светското првенство. Очигледно дека нема никакви пречки за потпишување на нов договор, останува само да се дознае колку долго Каталонецот ќе остане на „Итихад“.
Интересно е тоа што на клупата на Барселона седеше четири сезони, потоа три во Баерн Минхен, додека ова му е седма година во Манчестер Сити.
Гвардиола освои четири од шест можни титули во Премиер – лигата, но се уште нема трофеј во Лигата на шампионите со „граѓаните“.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













