Манчестер Сити потврди дека Пеп Гвардиола ќе продолжи да го предводи актуелниот англиски шампион и во иднина.
Она што претходно беше најавено од англиските медиуми сега е официјално – Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити.
The journey continues 🩵 pic.twitter.com/8aluupvQw9
— Manchester City (@ManCity) November 21, 2024
„Пеп Гвардиола потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити“, се вели во официјалното соопштение на клубот.
Гвардиола пристигна во Манчестер Сити во 2016 година, а ова продолжување на договорот значи дека тој ќе остане во клубот најмалку една деценија.
Под негово водство, Манчестер Сити шест пати ја освои титулата во Премиер лигата, еднаш триумфираше во Лигата на шампионите, двапати го освои ФА Купот и четирипати Лига Купот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













