
Барселона го декласира Реал Мадрид со 0-4 на „Бернабеу“ во првото Ел Класико оваа сезона. Со оваа победа, екипата на Ханси Флик се одвои на врвот на табелата со предност од шест поени пред составот на Карло Анчелоти.
По натпреварот, изјава за медиумите даде голманот на Барселона, Ињаки Пења, кој откри дека Ханси Флик побарал од неговите фудбалери да играат високо, што се исплатило бидејќи дури 12 пати ги фатија напаѓачите на Реал Мадрид во офсајд, а осумпати тоа му се случи на Килијан Мбапе.
„Дојдовме овде по дуелот со Баерн и знаевме дека оваа недела ќе биде клучна за продолжението на сезоната. Остваривме два силни резултати и имаме предност од шест поени, но останува уште многу до крајот на сезоната. Најважно е што покажавме дека ментално сме посилни и можеме да го победиме секој противник“, изјави Пења.
Тој ја коментираше и тактиката за високата линија во одбраната на Барселона.
„Тоа е едно од барањата на тренерот. Тој инсистира да не ја спуштаме линијата ниско, особено против екипи со силни и брзи играчи во нападот. Опасно е да се игра вака, но тимската работа најдобро се виде преку бројот на офсајди во кои ги фативме играчите на Реал”, истакна голманот на Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal