Македонскиот прволигаш Пелистер одигра 2-2 на пријателскиот натпревар против Јагодина. Тимот на Димитар Капинковски имаше негатива, но со два брзи гола во финишот успеа да стигне до реми.
Јагодина поведе со голови кон крајот на првиот дел и почетокот на вториот дел. Пелистер имаше и играч помалку од 60. минута, но успеа да израмни. Стрелци на головите за битолчани беа Николовски од пенал во 81. минута и Драгарски во 85. минута.
Тренерот Димитар Капинковски го изведе следниот стартен тим: Трајчевски, Спиркоски, Илиески Д., Илиевски Б., Бошковски, Николовски, Нето, Пејаковиќ, Размоски, Маневски, Талевски.
-
„Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриa Фудбал Форум 2026“
Оваа година „Макфудбал“ е официјален медиумски партнер на „Адриа Фудбал Форум“, еден од најважните...
Автор makfudbal
-
ФИЛИП ЛАМ ексклузивно ЗА МАКФУДБАЛ: Германија мора повторно да го пронајде својот идентитет
Шокиран сум. Германија по третпат по ред е елиминирана во раната фаза на едно...
Автор makfudbal













