Шкендија Арачиново го елиминира Пелистер во осминафиналето на Купот откако славеше со 1-0 со голот на Арсим Љамалари во 51.минута.
Работнички мораше да игра на пенали, но победи против Брегалница со 4-3, откако регуларниот тек од мечот заврши 1-1. Херој беше голманот Васко Василев кој одбрани два пенали. Во регуларниот дел, Џелил Асани од пенал во 13.минута донесе водство за Работнички, а израмни Еди Мандак во 51.минута.

Струга Трим Лум беше убедлива и славеше со 0-5 на гости против Македонија ЃП. Ивковиќ донесе предност, Воша зголеми на 0-2 на почетокот на вториот дел, а во финишот стрелаа и Компаоре, Малески и Јевтоски.
Во четвртфиналето се пласира и Силекс откако триумфираше со 1-2 на гости против Башкими. Дарко Додев и Милош Николиќ беа стрелци за Силекс, а Марко Симоновски погоди за Башкими.
Вардар утре во осминафиналната рунда игра против Новаци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Интернационалци
Агон Елези стрелаше во вечното босанско дерби (ВИДЕО)
Евро-фудбал
ПСЖ ја наполни мрежата на Рен
Евро-фудбал
Беренгер го урна Атлетико Мадрид (ВИДЕО)













