Каталонскиот гигант Барселона се надева дека следното лето ќе може да доведе двајца одлични фудбалери од Серија А како слободни агенти. Лоренцо Инсиње од Наполи и Лоренцо Пелегрини од Рома би можеле да пристигнат на „Камп Ноу“ следното лето, откриваат шпанските медоуми.
Фудбалерите на Наполи и Рома имаат договори со своите клубови до 2022 година, а се уште немаат парафирано нова верност кон овие тимови.
Ситуацијата ја следи Барселона, која ги сака двајцата фудбалери во својот тим. Што се однесува до Инсиње, до него може да се стигне многу полесно, додека Пелегрини даде збор на раководството на „волчицата“ дека ќе остане во клубот, но еден повик од „Камп Боу“ секако може да промени се.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













