
Италијанскиот играч од средниот ред Лоренцо Пелегрини ги коментираше емоциите околу неговото прво учество на Европското првенство и искажа респект за квалитетите на Хрватска.
Вечерва двете селекции се соочуваат во директна пресметка за второто место во групата Б и пласман во осминафиналето.
„Хрватска е силен тим со неверојатни играчи. Тие го започнаа турнирот послабо, но дури и во тој меч со Шпанија се претставија добро и имаа свои шанси. За многу од нашите играчи ова е прво Европско првенство, вклучувајќи ме и мене, бидејќи не успеав да играм на ЕВРО 2020 поради повреда. Мислам дека една од моите задачи е да придонесам со мојата смиреност. Тука емоциите што ги доживуваш се многу различни од оние во клупскиот фудбал. Знаеме дека многу нешта се променети од периодот кога Италија ја освои титулата. Сепак, подготвени сме да се соочиме со секој и да дадеме 100% од себе,“ изјави Пелегрини.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти
