Connect with us

Педро Паулета го најави трансферот на Гонсало Рамош во ПСЖ: Сега е твој ред да станеш легенда…(ВИДЕО)

За помладите кои не се сеќаваат, Педро Паулета е легенда на Пари Сен Жермен од периодот пред да дојдат катарските сопственици во клубот, а токму тој денеска го официјализираше новото засилување на „светците“.


Педро Паулета испиша историја во Пари Сен Жермен од 2003 до 2008 година, непосредно пред ПСЖ да стане клуб на катарските шеици, при што Португалецот постигна 109 гола за францускиот клуб.


Вечерва штотуку го доби својот наследник, сонародникот Гонсало Рамош, кој пристигнува од Бенфика за 80 милиони евра.


ПСЖ го искористи тоа што уште од Паулета немаше таков Португалец во своите редови, а тој беше главниот лик во видеото за добредојде кое ќе биде ветер во грбот за Рамош.


Од Париз во исто време пристигнуваат вести дека Рандал Коло Муани ги договорил сите лични услови со Пари Сен Жермен и чека договор меѓу клубовите. Ајнтрахт бара отштета од 100 милиони евра, а ПСЖ ќе биде подготвен да плати дури кога Мбапе ќе си замине.


Се чини дека во Париз веќе размислуваат за живот без Килијан Мбапе, а многу веројатно и без Нејмар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови