
Педри не престанува да ги воодушевува навивачите на Барселона, но и фудбалската јавност воопшто. Младиот (18) и феноменален играч за врска играше одлично за Барса минатата сезона, а во ист стил продолжи и на двете големи натпреварувања летово со националниот тим.
Тој прво настапи за сениорската репрезентација на Европското првенство, а потоа беше еден од најзаслужните што шпанскиот олимписки фудбалски тим освои сребро во Токио.
Така, од почетокот на минатата сезона, 2020/21 година, до крајот на Олимписките игри, одигра рекордни 73 натпревари. Зад него се Бруно Фернандеш (72), Мејсон Маунт (69) и Антоан Гризман со 68 натпревари во овој ист период.
Од 73 натпревари на Педри, 52 играше за Барселона, каде што стана клучен играч под водство на Роналд Куман.
Тренерот му даде „слободно“ само на последниот натпревар од Ла Лига минатата сезона, за да направи барем мала пауза пред пеколното лето со репрезентациите.
По враќањето од Токио, Куман го испрати на одмор до следната среда. Сепак, Педри одби и му одговори на тренерот дека ќе се приклучи на тренинзите овој четврток.
На изненадување на сите во клубот по таа објава, Педри одговори дека тоа го прави од благодарност кон Барселона. Имено, клубот беше против неговото играње на Олимписките игри и тој отиде таму по сопствено инсистирање. Одбивајќи да се одмори, тој го враќа „долгот“ кон Барселона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкупи во следното коло ќе игра на Чаир

Евро-фудбал
Жозе Мурињо седна на клупата на Бенфика
