
Дефанзивецот на Интер, Бењамин Павар се врати на тренинзите, соопштија од клубот. Десниот бек учествуваше на денешниот утрински тренинг и голема е веројатноста да биде во составот на „нероаѕурите“ за неделното дерби со Лацио.
Францускиот репрезентативец е надвор од терените од 4 ноември и се очекуваше да пропушти приближно два месеци од сезоната поради повреда на коленото. Сепак, за опоравувањето на Павар му требаше многу помалку време и тој сега тренира со соиграчите.
Медицинскиот тим на Интер инсистира тој да не се вклучува толку брзо во натпреварите, а конечната одлука дали ќе игра в недела ќе ја донесе тренерот Симоне Инзаги.
Хуан Квадрадо, Дензел Дамфрис и Стефан де Фрај остануваат надвор од плановите за натпреварот против Лацио.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
