Connect with us

Пауло Фонсека ќе биде нов тренер на Милан?

Португалскиот страгег Пауло Фонсека е главен кандидат за нов тренер на Милан. Актуелниот тренер Стефано Пиоли заминува на крајот од актуелната сезона, а Фонсека, кој моментно работи во Лил, има важечки договор со францускиот прволигаш до крајот на шампионатот.

Прелиминарните разговори меѓу челниците на Милан и Фонсека веќе се водени, а доколку тој трансфер се реализира, тоа би било враќање на Португалецот во италијанскиот фудбал, откако ја водеше Рома од 2019 до 2021 година.


По Рома, Фонсека замина во Лил, кој има намера да разговара за продолжување на договорот со Португалецот.

Италијански извори, сепак, наведуваат дека Пауло Фонсека нема намера да остане во Лил и дека Милан е неговата прва желба. Претходно во текот на својата тренерска кариера, Фонсека ги водеше и Порто и Брага, а во Милан се подготвени да му понудат двегодишен договор.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови