Connect with us

Пауло Фонсека казнет со деветмесечна суспензија поради напад на судија

Поранешниот тренер на Милан, Пауло Фонсека, доби жестока казна што ќе трае речиси девет месеци поради удирање со глава на судијата за време на последниот натпревар на неговиот актуелен тим Лион против Брест.

Тој е на чело на „лавовите“ од неодамна, откако го презеде тимот кон крајот на јануари, но веќе е вмешан во огромен скандал. Ова ќе му донесе забрана за водење натпревари сè до 30 ноември.

До 15 септември нема да смее да влезе во соблекувалната пред и по натпреварите, а нема да може да биде ниту на клупата до 30 ноември.

Сè уште нема официјална одлука од управата на Лион дали ќе го задржи на функцијата, но тоа е малку веројатно, бидејќи во спротивно тимот би останал практично без употреблив тренер, кој дури нема да може ниту да влезе во соблекувалната кај играчите.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови