Connect with us

Парма и Милан поделија по едно добро полувреме – и по еден бод (ВИДЕО)

Фудбалерите на Парма и Милан одиграа динамично реми 2-2 во 11. коло на италијанската Серија А.

Милан имаа сигурна предност од 0-2 во првото полувреме, но во вториот дел значително попуштија, што им овозможи на Парма да се разигра и да стигне до израмнување по извонредни 45 минути.

Првиот погодок за гостите дојде во 12. минута. Алексис Салемакерс со прецизен удар по земја донесе предност за гостите.

Во 25. минута предноста на Милан се зголеми откако Леао реализира пенал. Изгледаше дека победата е сигурна, но Парма успеа да го намали резултатот во судиското надополнување на првиот дел со прекрасен гол на Адријан Бернабе од работ на шеснаесетникот.

Во второто полувреме, Парма продолжи да напаѓа и имаше шанса да израмни преку Матео Пелегрино, кој со удар со глава го погоди спојот на гредата и дирекот. Неколку моменти подоцна, Енрико дел Прато постигна погодок за конечни 2-2 во 62. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови