
По Бразил кој одигра 1-1 против Венецуела, падна уште еден великан. „Селесао“ не успеа да ја победи Венецуела, но уште поголемо изненадување е поразот од 2-1 на светскиот шампион на гости кај Парагвај. Неверојатно звучи податокот дека примија два гола од Парагвај – тим кој е познат по својата неефикасност. Имено, домаќините до овој натпревар, во 10 мечеви, постигнаа само четири гола.
Гостите започнаа добро. Лаутаро Мартинез го скрши малерот што го следеше оваа сезона во Интер, постигнувајќи гол по десетина минути, а по ВАР проверка, голот беше потврден.
Но, радоста на Аргентинците траеше само десетина минути. Тони Санабрија од Торино со ножички го зафати центаршутот на Густаво Веласкез, оставајќи го Дибу Мартинез немоќен. Тоа им даде крила на домаќините, кои на стартот од второто полувреме поведоа преку Омар Алдерете. Центаршутот го испрати соиграчот на Меси од Мајами, Диего Гомез, а Алдерете на вториот дирек со удар со глава го претвори во гол за победа.
Аргентинците се мачеа да создадат изгледни шанси и да избегнат пораз. Најдобрата шанса ја имаше Тати Кастељанос, но напаѓачот на Лацио ја прокоцка можноста по добро додавање од невообичаено тивкиот Меси.
Иако беше поразена, Аргентина останува на врвот со 22 бода, но Колумбија може да ги стигне ако победи вечерва во Монтевидео.
Парагвајците со победата се искачија на шестото место, кое обезбедува директен пласман на Светското првенство.
Еквадор сега е петти, откако ја совлада Боливија со 4-0. Двата гола на Гонзало Плата беа клучни, а претходно погоди ветеранот Енер Валенсија од пенал. На крајот, Алан Минда ги постави конечните 4-0.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Млади репрезентации
Италија и со играч помалку славеше против Македонија во Битола

Евро-фудбал
Анге Постекоглу е нов менаџер на Нотингем Форест

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Втора лига
Втора МФЛ: Брегалница го декласира Тетекс

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
