Connect with us

Паоло Ваноли ќе се обиде да ја спасува Фиорентина

Паоло Ваноли ќе ја преземе Фиорентина, откриваат италијанските медиуми. 53-годишниот стратег ќе го замени на тренерската позиција Стефано Пиоли, кој беше отпуштен пред неколку дена.

Последно, Ваноли беше на чело на Торино, од јули 2024 до јуни 2025 година. Во својата кариера, тој исто така ги предводел Венеција и Спартак Москва, како и младинските репрезентации на Италија во неколку возрасни категории.

Во моментов, Фиорентина се наоѓа на 20. место на табелата во Серија А, со само четири бода од 10 одиграни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови