Второ излегување на Академија Пандев на европската сцена. Тренерот Ѓорѓе Стојчев напомена дека пресметките со Лехија Гдањск ќе бидат големо искуство за неговиот млад тим, а полскиот претставник секако е голем фаворит за пласман понатаму. Но, во фудбалот се можни изненадувања и „пандевци“ веруваат во таков епилог, посебно доколку вечерва успеат да стигнат до позитивен резултат на гостувањето во Полска.
„Ние сме мал клуб и вторпат излегуваме во Европа, но подготвени сме за предизвикот. Лехија Гдањск е фаворит, но ние ќе сториме се за да одиграме квалитетно и да избориме поволен резултат за нас. Верувам дека ова ќе биде непроценливо искуство за овој млад тим на Академија Пандев“, вели Ѓорѓе Стојчев пред вечерашниот меч во Гдањск.
Натпреварот меѓу Лехија Гдањск и Академија Пандев се игра вечерва, со почеток во 20.15 часот, на „Полсат плус арена“ во Гдањск.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski