Не е лесно да се играат три меча за седум дена. Косово го зема „данокот“, фудбалерите се потрошија и психички и физички. Но, капитенот Горан Пандев уверува дека репрезентативците ќе го дадат максимумот за да остварат победа на утрешниот меч против Грузија во Скопје.
„Знаевме дека ритамот ќе биде пеколен, не е лесно да се играат три натпревари во толку кус период. Косово не потроши и на физички и на психички план, но подготвени сме да го дадеме максимумот, и последниот атом од силите за да го добиеме натпреварот. Целта е прво место. Секако, го респектираме и противникот, понекогаш и противникот не дозволува да ги реализирате сите планови“, изјави капитенот Горан Пандев на денешната прес – конференција.
Мечот меѓу Грузија и Македонија е закажан за утревечер, со почеток во 20.45 часот, на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













