Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев даде клупско интервју на социјалните мрежи откривајќи ги новините околу ребрендирањето на клубот. По продажбата на 90% од акции на италијанско-американската компанија „Брера“, клубот во иднина ќе се вика ФК Академија Пандев Брера Струмица, а претседател ќе биде токму Горан Пандев.
Осумте членови на бордот на директори одлучиле токму Пандев и натаму да биде прв човек на клубот. Тој ќе биде посветен и одговорен за младинската школа, а за првиот тим ќе се грижи Ацо Стојков.
Во новата сезона, сениорскиот тим има амбиции да обезбеди пласман на средината на табелата во Првата лига.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













