Connect with us

Пандев и Џенова ја заокружија сезоната со победа во Серија А

Џенова обезбеди опстанок во Серија А минатото коло, а сега се погрижи и со победа да ја заокружи сезоната. Тимот на Давиде Балардини славеше со 0-1 на гости кај Калјари, а Горан Пандев беше стартер. Капитенот на националниот тим играше до 57.минута кога му го отстапи местото на Миха Зајц, а победничкиот гол за Џенова го постигна Елдор Шомуродов во 15.минута. Џенова од 83.минута играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Валон Бехрами.

Сампдорија оствари триумф над Парма со 3-0, а стрелаа Квалјарела, Коли и Габијадини. Кротоне и Фиорентина ремизираа без голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови