
Македонските фудбалски ветерани вчера во Варна, Бугарија, одиграа пријателски хуманитарен натпревар против златната генерација на бугарската фудбалска репрезентација од 1994 година. Натпреварот беше организиран за помош на настраданите во големата трагедија што неодамна се случи во Кочани.
Нашите ветерани на крајот славеа со 2-3, а по натпреварот еден од најдобрите македонски фудбалери во историјата, Горан Пандев, на прес-конференцијата јавно им се заблагодари на организаторите за прекрасната организација и поддршката.
„Најпрво сакам да ви се заблагодарам од наше име, од името на цела Македонија, како и од името на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија. Благодарни сме за прекрасната организација – за нас беше чест да го одиграме овој натпревар со најдобрата генерација на бугарскиот фудбал. Се надевам дека и во иднина ќе имаме вакви можности. Ве очекуваме да ни бидете гости и во Македонија.
Како што кажа Христо (Стоичков), децата не можеме да ги вратиме. Тоа беше голема трагедија, не само за Македонија, туку и за цела Европа. Се надеваме дека никогаш повеќе нема да се повтори. Со оваа иницијатива сакавме да помогнеме колку што можеме, затоа што спортот е најголемиот амбасадор. Одигравме добар натпревар, се забавувавме, игравме како браќа, и навистина ни беше чест што сме тука“, изјави Горан Пандев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
