Вардар испадна во Втората лига, а во периодот на најголем подем и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, во клубот беа вклучени легендите Дарко Панчев и Илија Најдоски. Но, потоа тие заминаа, а објаснуваат дека сфатиле како се повикани да бидат во клубот само како покритие за потоа газдата Сергеј Самсоненко да не биде виновен за ништо.
Во разговор за српскиот портал „Моцартспорт“, Панчев го открива својот дел од приказната.
„Кога се пласиравме во Лигата на Европа им реков на луѓето од клубот, па и на газдата, дека немаме тим кој може да биде конкурентен. Едноставно го немаме, и дека сме слаби. Добивме пет милиони евра од УЕФА, а со тие пари можеше да се проектира буџет за следни три сезони. Но, не препознав желба вистински да се работи на засилување на тимот. И бев во право. Реал Сосиедад ни даде шест гола, Зенит – пет. А, навистина сакав да направиме сериозен тим за балкански рамки. Има договорени доаѓање на одличен напаѓач, најдобриот офанзивец од втората турска лига, блиску беше и еден Израелец, но тие сето тоа го одбиваа. Го побарав и Звездан Терзиќ да ми го даде Павков на позајмица. Знам колку енергија дадов, но не им беше желба да направат добар тим. Потоа ги изманипулираа навивачите дека јас сум виновен за се и дека треба да си одам. Кога го видов тоа, поднесов оставка. Мора да се препознае дека спортот е најевтиниот и најдобар вид на промоција за една држава. Ја следам ситуацијата во Србија, и гледам како Александар Вучиќ и државата ги помага и Црвена Звезда и Партизан, па и во сите спортови. Нема сомнеж дека тоа е исправно размислување. Се прават добри играчи а потоа се заработуваат и средства во странство, се презентира Србија на најдобар можен начин, а потоа тие пари се трошат во својата земја. Едноставна математика“, вели Дарко Панчев.
Илија Најдоски конкретно истакна дека се чувствувал како некој што служи како покритие за газдата да не биде виновен.
„Кога Дарко Панчев ме повика во Вардар да му помагам во спортскиот сектор, знаев што ќе биде. Знаев, но не можев да го одбијам. Ние таму служевме само како покритие, за газдата да не биде виновен. Донесовме преку Лигата на Европа големи финансиии, но на нив како подраг да им беше ракометот“, изјави Илија Најдоски.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski