Ветеранот Димитри Паје откри дека го одбил Манчестер Јунајтед пред да потпише за Олимпик Марсеј. 35-годишниот офанзивен играч за врска го облече дресот на францускиот клуб во јануари 2017 година. Претходно ги бранеше боите на Вест Хем, повторно на Марсеј, Лил, Сент Етјен, Нант и Екселзиор.
„Јас не сум некој што жали за пропуштените работи. Изборот го направив да се вратам во Марсеј, дел беше за фудбалот, но и за моето семејство“, изјави Паје. „Имаше други клубови, големи клубови. Еден од нив беше Манчестер Јунајтед, имаше и други. Направив личен и семеен избор. Мислам дека тоа беше најдобриот избор за мене и за моето семејство“, истакна одличниот фудбалер за врска.
Тој има 13 гола и 12 асистенции на 39 натпревари во сите натпреварувања за Олимпик Марсеј оваа сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













