Тотeнхем и Борнмут постигнаа договор за трансферот на Доминик Соланке. Според „Би-Би-Си“, вредноста на трансферот ќе биде 60 милиони фунти.
Продажбата ќе биде рекордна за Борнмут, бидејќи значително ќе ја надмине сумата од 40 милиони фунти, за која „црешите“ го продадоа Нејтан Аке на Манчестер Сити пред четири години.
Според договорот, 20% од трансферната сума ќе оди за претходниот клуб на Соланке, Ливерпул. „Црвените“ го продадоа напаѓачот на Борнмут во 2019 година за 19 милиони фунти.
Во минатата сезона, Доминик Соланке одигра 42 натпревари во сите натпреварувања, во кои постигна 21 гол и имаше четири асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













