Connect with us

Пабло Мари: Видов како пред мене човек умира, јас имав голема среќа

Дефанзивецот на Монца, Пабло Мари, имаше несреќа да биде дел од нападот на шест лица во супермаркет во Милано, кога непознат маж ги нападна со нож. За негова среќа, тој не е потешко повреден иако беше прободен. Но, убиена е 47-годишна касиерка од Боливија, а двајца мажи се многу сериозно повредени и се борат за живот.


„Одев низ продавницата туркајќи количка во која беше и моето дете, а потоа почувствував голема болка во грбот. Искрено, имав среќа бидејќи видов како човек пред мене умира откако беше прободен со нож во вратот. Добар сум и во понеделник се враќам на теренот“, изјави фудбалерот кој од Арсенал како позајмен оваа сезона игра за италијанскиот калчолигаш Монца.

Повредените со хеликоптер биле пренесени во болница. Инцидентот се случил во супермаркет во еден шопинг центар во Милано, една жена подлегна на повредите, а двајца мажи се тешко повредени.

Според италијански медиуми, напаѓачот имал психички проблеми и бил хоспитализиран на 18 октомври, а потоа побегнал.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови