
Наполи синоќа ја победи Монца со 2-0 и се искачи на првата позиција на табелата во Серија А. Со тоа се случи нешто досега невидено во историјата на италијанското првенство. За првпат во првите шест кола има шест различни тимови кои биле на врвот на табелата.
Иако во некои кола имаше повеќе екипи со исти бодови, секогаш постоеше еден тим кој беше пред сите според гол-разликата. Така, во првото коло лидер беше Аталанта, потоа водството го преземаа по ред Јувентус, Интер, Удинезе, Торино, и сега Наполи.
Колоto сè уште не е завршено, бидејќи вечерва ќе се одигра натпреварот меѓу Парма и Калјари, но ниту една од тие екипи не е блиску до првата позиција, така што историското постигнување може да се смета за сигурно.
Во моментов, Наполи е лидер на табелата со 13 бодови, пред Јувентус со 12, Милан и Интер со по 11 и Емполи, Лацио и Удинезе со по 10. Иако е многу рана фаза од сезоната, ова покажува дека можеме да очекуваме доста изедначена сезона и жестока борба за „скудетото“ меѓу неколку екипи.
Да не заборавиме дека во последните пет години Серија А имаше четири различни шампиони.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дориев двоен стрелец во триумфот на Согдиана

Прва лига
Работнички го доведе и Белул Елмазоски
