Решението на Врховниот спортски совет на Шпанија да дозволи привремена регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор во тимот на Барселона предизвика бурни реакции во шпанската јавност, особено кај клубовите во Ла Лига.
Претседателот на Атлетик Билбао, Јон Уриарте, го осуди ова решение, нарекувајќи го „умопомрачително“ и обвинувајќи дека е донесено од политички орган.
„Ова се случува на 8 јануари, што е апсурдно. Од нас се бара да се развиваме и вложуваме, а потоа се соочуваме со вакви ситуации“, изјави Уриарте.
Слични критики упатија и други клубови како Атлетико Мадрид, Севилја и Вилјареал, кои најавија дека ќе поднесат правни жалби, тврдејќи дека одлуката претставува „привилегирање на Барселона“.
Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, остро реагираше преку социјалните мрежи, обвинувајќи го Врховниот спортски совет за неусогласеност со спортските закони.
„Одлуката ја игнорираше економската контрола на Ла Лига, а претседателот на Советот активно работи на поткопување на системот поддржан од мнозинството клубови“, истакна Тебас.
Случајот се пренесе и на политичко ниво, при што премиерот Педро Санчес беше обвинет за фаворизирање на Барселона. Борха Семер од Народната партија истакна:
„Ова е противзаконско и фаворизира само еден клуб. Се сомневам дека ваква амнестија би се одобрила за помал клуб.“
За разлика од другите клубови, Реал Мадрид одлучи да се воздржи од официјален коментар.
Според извори, претседателот Флорентино Перез не сака дополнително да ги наруши односите со Барселона, особено поради заедничките интереси поврзани со проектот за Суперлигата.
Полемиката околу регистрацијата на Олмо и Виктор не само што го подели шпанскиот фудбал, туку предизвика и политички контроверзии. Како ќе се развива ситуацијата и дали правните мерки на клубовите ќе го променат текот на настаните останува да покаже времето, но фудбалерите на Барселона сега повторно ќе можат да бидат дел од составот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal