Шпанскиот гигант Реал Мадрид донел одлука да се раздели со тројца фудбалери во летниот преоден рок. На дел од нив им е потребна нова мотивација, а и премногу го чинат „кралскиот клуб“ со годишната заработка.
По елиминацијата од Челси во ЛШ, шпанските медиуми откриваат дека од „Сантијаго Бернабеу“ ова лето ќе си заминат Еден Азар, Иско и Марсело.
Посебно разочарување за сите во Мадрид е Еден Азар. За две сезони, платениот 100 милиони евра Белгиец не покажа ништо и помина повеќе време надвор од теренот поради повреди.
Клубот пред се ќе се обиде да се ослободи од него. Плата од 460.000 евра неделно е огромна за некој што не дава придонес во клубот и кој има постигнато само четири гола на 40 одиграни натпревари во две сезони.
Од друга страна, за заминувањето на Марсело и Иско се зборува веќе неколку сезони. Сепак, тие секогаш остануваа во клубот, но сега конечно би можеле да заминат.
И двајцата имаат договори до лето 2022 година и ќе биде интересно да се види дали управата на кралскиот клуб ќе успее да ги продаде или спогодбено ќе ја прекине соработката.
Марсело (33) е апсолутна легенда на клубот. Тој е во Мадрид од 2007 година и со „кралевите“ освои се што можеше. Искусниот Бразилец одигра 526 натпревари за Реал Мадрид.
Иско е во клубот од 2013 година. Тој пристигна од Малага, но иако е во клубот веќе осум години, тој никогаш немал улога на вистинска ѕвезда како што се очекуваше.
Сепак, тој добро го искористи своето време на теренот. Тој постигна 51 гол на 334 натпревари и освои многу трофеи со мадридскиот гигант.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski