Норвешкото голгетерско чудо Ерлинг Халанд е најпосакуваниот фудбалер на трансфер-маркетот во Европа заедно со Килијан Мбапе. Најголемите европски клубови стојат во редот за потписот на напаѓачот на Борусија Дортмунд, а директорот на неговиот поранешен клуб Салцбург, Криштоф Фројнд, ги разочара со својата изјава. Тој откри каде ќе замине Халанд.
„Тој ќе оди во Ливерпул. Нема долго да се задржи во Дортмунд како што не остана и кај нас. Сепак, ние сме горди што го носеше дресот на Салцбург шест месеци“, изјави директорот на Салцбург.
Ерлинг Халанд има договор со Борусија Дортмунд до јуни 2022 година и отштетна клаузула од 75 милиони евра. За него најголем интерес покажуваат Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Сити.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













