Фудбалската репрезентација на Фарски Острови, која е еден од противниците на Македонија во ноемврискиот циклус на Лигата на нации, му даде отказ на селекторот Хакан Ериксон. По четири години на чело на тимот, Ериксон заминува поради серијата слаби резултати.
„Се наоѓаме на дното на групата и досега не успеавме да победиме дури ни на домашен терен. Имаме силен тим, но резултатите се незадоволителни. Затоа се разделивме со Хакан Ериксон,“ изјави претседателот на федерацијата, Кристијан Андреасон.
На претстојниот натпревар против Македонија во Скопје, закажан за 17 ноември, репрезентацијата на Фарските Острови ќе ја води тренерскиот тандем од младинскиот тим, Ејдун Клакштеин и Атли Грегерсен.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













