
По продолжувањето на соработката со поголемиот дел од фудбалерите од минатата сезона, ФК Осогово ги промовираше и првите две засилувања за новата сезона.
„Жолто-синиот“ дрес го задолжија двајца нови напаѓачи, 28-годишниот Миле Костовски – Манго и 19-годишениот Дејан Стоименов.
Костовски по една сезона во Швајцарија каде што играше за тимот на Македонија Берн, се враќа во нашиот фудбал. Најдобрите денови ги мина во Беласица на која пред две сезони како најдобар стрелец и помогна да влезе во Прва лига. Претходно во својата кариера има играно и за Тиверија и Кожуф.
Дејан Стоименов, кој потекнува од Кочани, доаѓа од редовите на Кит Го, а претходната сезона има играно и за Саса. Во младинските категории беше дел од Вардар и Борец, а сениорскиот фудбал го почувствува и во Македонија Ѓорче Петров.
Од раководството на Осогово најавуваат и дополнително засилување на тимот во наредниов период.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Тренерот на Болоња заврши во болница
