
Македонскиот првак Струга Трим Лум успешно ја стартуваше сезоната, но се намачи да стигне до победа на домашен терен против Тиквеш. Тимот на Ќатип Османи во финишот од мечот го скрши отпорот на Тиквеш и победи со 1-0, со голот на Басиру Компаоре.
„Иако не одигравме како што сакавме, најважно е што ја остваривме целта и на крајот ги освоивме трите бода. Во текот на првото полувреме екипата не рефлектираше како што треба, но во вториот дел бевме подобри, поопасни, што беше пресудно за победата.
Да бидам искрен, бевме свесни дека Тиквеш ќе дојде во Струга да се брани, но не до овој степен. Нивната игра се базираше на контра напади, а преку нив ни се заканија по еднаш во двете полувремиња, но тоа беше сè од нив, а со оглед на тоа што постојано го баравме голот, на крајот бевме наградени“, изјави Ќатип Османи.
Струга Трим Лум се фокусира на македонскиот шампионат откако релативно брзо отпадна од европските натпреварувања ова лето.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
