Ќатип Османи се врати во Шкендија. Тој потпиша двегодишен договор и веднаш го презеде тимот, го одржа првиот тренинг, а веќе утре го очекува големото дерби против Шкупи во Тетово.
„Тоа што сум овде секогаш ми дава посебно чувство, како што и претходно кажав дека ова е клубот во кој ги поминав најубавите моменти во мојот живот, без разлика дали како фудбалер или како тренер. Навистина сум среќен што се враќам во Шкендија. Во исто време, свесни сме што не чека, но и убедени да ја направиме вистинската работа што ќе ни овозможи да се движиме кон остварување на нашите цели“, изјави Ќатип Османи по потпишувањето на договорот со Шкендија.
Ќатип Османи за асистент ќе го има Башким Ливорека, а неговиот стручен штаб ќе биде комплетиран со тренерот на голманите Салејдин Мустафи.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski