
Ќатип Османи очекувано е разочаран од катастрофалниот старт на сезоната на Шкендија и двата порази од Академија Пандев и од Силекс. Искусниот стратег ја прифаќа одговорност за слабите резултати, но потенцира дека одлуката за евентуална тренерска смена мора да ја донесе управата.
„Секогаш велам дека кога победуваме играчите се најзаслужни, а кога губиме тренерот е најодговорен. Лично чувствувам одговорност, но ние во клубот во целиот овој период сме заедно, ги анализираме сите случувања. Одлуките ги носат тие што се над мене, јас можам да кажам дека сум свесен за целата ситуација и најнормално би ја прифатил било која одлука на сопствениците на клубот“ – вели Османи.
Според тренерот на Шкендија, неговиот тим има игра, но се е попусто кога создадените шанси не се реализираат.
„Очигледно е дека се наоѓаме во резултатска криза, нормално е потоа тоа да има влијание и врз самодовербата на фудбалерите. Ако ги гледате снимките од нашите средби, за неверување е како успеваме да имаме толку промашување. Значи не е проблем дека немаме игра, напротив, лесно создаваме шанси, но наша болка е ефикасноста, односно неефикасноста. Во минатото ни се случувало да примаме по два гола на натпревар, но да постигнуваме по 4-5, сега губиме средби со по 1-0“ – истакнува Ќатип Османи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
