Connect with us

Осимен обвинет дека испратил полиција да ја „претепа“ неговата сестра во Нигерија (ВИДЕО)

Виктор Осимен бил обвинет од зетот Осита Около дека испратил полиција да ја претепа неговата сопруга. На Твитер, Около го обвини напаѓачот на Наполи дека ја малтретирал сопствената сестра. Наводно, меѓу нив дошло до раздор поради нерасчистени финансиски сметки кога Осимен од Лил се преселил во Наполи.


Около бара 400.000 евра од Осимен.


„Ти си злобен, Виктор Осимен. Сѐ што барав беше да ми ја платиш провизијата што ја заслужив. Наместо тоа, испрати полиција да ја тепа и малтретира мојата сопруга и твојата сестра кои завршија на улиците на Нигерија. Ќе платиш за ова“, напиша тој на Твитер.


Около го сподели и видеото кога полицијата дошла во неговиот дом и ја нападнала неговата сопруга.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови