Connect with us

Осимен го избрал ПСЖ пред Челси и Арсенал?

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, повеќе сака да игра во Пари Сен Жермен, отколку во некој од лондонските гиганти Челси или Арсенал. Ова го тврди агентот Дари Канови, кој го застапува тренерот на Болоња, Тијаго Мота.


Според информациите, поранешниот напаѓач на Лил сака да се врати во Лига 1 наместо да си ја проба среќата во Премиер – лигата.

„Според мене, голема е веројатноста тој да игра за Пари Сен Жермен. Можеби ова ќе биде најпаметниот трансфер за ПСЖ да го замени Килијан Мбапе, кој со месеци е играч на Реал Мадрид, но тоа е вистинска фарса која сѐ уште се обидуваат да ја сокријат од сите нас“, коментира Канови.

Отштетната клаузула во договорот на Осимен со Наполи изнесува 130 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови