Connect with us

Оливие Жиру од понеделник во Милан

Оливие Жиру в понеделник треба да ги мине медицинските прегледи во Милано, по што ќе потпише договор со италијанскиот клуб Милн кој го договори неговото доаѓање од Челси.


Според италијанските медиуми, Жиру ќе потпише двегодишна соработка со Милан, кој ќе му исплати на Челси еден милион евра со обврска да плати дополнителни милиони преку бонуси кои ќе зависат од перформансите на францускиот напаѓач.


Жиру, кој ќе го прослави својот 35. роденден во септември, ќе потпише договор до крајот на јуни 2023 година и ќе заработува 3,5 милиони евра по сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови