Connect with us

Олимпија Љубљана на драматичен начин го исфрли Лудогорец од ЛШ

Словенечкиот шампион Олимпија Љубљана со 2-1 го победи бугарскиот Лудогорец и се пласира во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. Словенците победија со вкупен резултат 3-2, откако во Бугарија одиграа 1-1.


Лудогорец поведе преку Кирил Десподов во 15. минута, а три минути подоцна Тими Макс Елшник погоди за 1-1.


Елшник ја донесе и победата за Олимпија Љубљана во 92. минута. Лудогорец можеше да добие продолженија во 101. минута, но Кирил Десподов не успеа да го реализира пеналот и да погоди за 2-2 во последните мигови од мечот.


Во 83. минута, Лудогорец остана со играч помалку, откако беше исклучен Сон.


Во следната фаза Олимпија ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Жалгирис и Галатасарај.

Првиот натпревар заврши 2-2, па Турците се големи фаворити на утрешниот натпревар кој ќе се игра во Истанбул.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови