
Натпреварот меѓу Реал Сосиедад и Барселона (1-0) предизвика многу дискусии. Причината за тоа е поништениот гол на Роберт Левандовски. Полјакот ја погоди мрежата на противникот во 13. минута, но голот му беше поништен поради исклучително мал офсајд.
Офсајдот беше досуден од полуавтоматскиот систем на стадионот, а судијата Гијермо Квадрадо Фернандес ја потврди оваа одлука, иако останаа сомневања дека системот можеби погрешно ја евидентирал позицијата и ја зел предвид копачката на дефанзивецот Наиф Агер, а не на Левандовски.
Сепак, повеќето мислења во Шпанија ја поддржаа оваа одлука.
„Во вакви ситуации, одлуките ги носи машината, така што нема човечки фактор. Штом полуавтоматскиот систем вели дека има офсајд, нема што повеќе да коментираме“, изјави поранешниот судија Итуралде Гонзалес.
Техничкиот комитет на судиите е со исто мислење. Тие внимателно ги прегледале сите снимки од ситуацијата и не гледаат грешка во одлуката, не прифаќајќи го тврдењето дека машината ја евидентирала погрешната нога.
Спорниот момент е снимен од десет камери кои можат јасно да ги распознаат нозете на фудбалерите, иако на 3D сликата што ја гледаат телевизиските гледачи тоа е потешко да се разликува.
„Овој кадар е направен од машина, а не од човек. На стадионот се поставени над 30 камери кои ја следат топката и секој фудбалер. Кадарот го покажува моментот кога додавачот игра со топката. На првиот момент јасно се гледа дека копачката на Левандовски, која е жолта, е малку пред другата. Десет стотинки подоцна, на следниот кадар, се гледа копачката на Агер пред онаа на Левандовски, и токму овој кадар стана предмет на толку многу дискусии на социјалните мрежи. Но, тој го покажува подоцнежниот момент од играта. На крајот на краиштата, по толку многу судиски грешки, треба да и веруваме на технологијата, која не може да погреши. Машината го направила кадарот малку порано од кадарот што се рашири на социјалните мрежи“, додаде Итуралде Гонзалес за „АС“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Челси ќе остане без Делап до крајот на ноември

Интернационалци
Мартин Ѓоргиевски прави изненадувачки трансфер во Збројовка Брно

Евро-фудбал
Мармуш неизвесен за дербито на Манчестер

Евро-фудбал
На „Маракана“ ечеше – „Пикси, оди си!“ (ВИДЕО)

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски го напушта Клуж и се сели во Херманштат

Млади репрезентации
Станиќ: Примивме “италијански” гол, го намачивме фаворитот во групата

Евро-фудбал
ПСЖ му нуди нов договор на Бредли Баркола
